Во Бразил уапсен e поранешниот сопственик на Формула 1, британецот Берни Еклстоун, за нелегално поседување на оружје.
Тој бил приведен при качување во приватен авион за Швајцарија, при што во неговиот багаж бил пронајден пиштол за кој немал дозвола.
Британецот и признал на полицијата, но рекол дека не знаел дека тој бил негов багаж. По овој инцидент пиштолот бил запленет, а Берни платил кауција, па полетал кон Швајцарија.