Георгина Родригез, сопругата на славниот фубалер Роналдо, првпат се појави во јавноста по смртта на своето бебето на породувањето.
Родригез се појави на црвениот килим во Кан облечена во бел долг светкав фустан, а изгледот го надополни со смарагдни обетки и соодветни сребрени потпетици. Георгина сподели фотографија од своето појавување на црвениот тепих и напиша: „Ти благодарам, Кан“.
View this post on Instagram
Претходно, таа била забележана пред хотел во Кан облечена во кожен комбинезон и црни салонки, а комбинацијата ја надополнила со чанта „биркин“, чија цена варира помеѓу 9.000 и половина милион долари.
Георгина Родригес не е многу омилена помеѓу модните критичари, тие често имаат ниски оценки за нејзиниот стил на облекување. Со овој изглед успеа да ги воодушеви модните експерти, но и фановите.
View this post on Instagram