Пејачката Џенифер Лопез со емотивна порака за холивудксиот актер Реј Лиота со кој заедно глумеа во криминалнaта серија „Shades of Blue“. На социјалните мрежи објави заеднички фотографии со актерот и видеа од сцените од филмот.
Реј Лиота почина вчера на 67 годишна возраст во сон на Карибите каде се снима „Danger Waters“.
Прво нешто што ми паѓа на ум е неговата љубезност кон моите деца, вели Џеј Ло.
„Реј беше олицетворение на тврд човек кој беше целосно нежен одвнатре. Претпоставувам дека тоа е она што го направи толку привлечен актер за гледање. Оригиналниот „Goodfellas“. Како и сите уметници, тој беше комплициран, искрен, но и многу емотивен. Секогаш со задоволство ќе се сеќавам на нашето време заедно поминато. Изгубивме одличен актер. Испраќам многу љубов и сила до твојата ќерка Карсен, семејството и сите најблиски“, стои во емотивното простување на Џеј Ло со Реј.
Џеј Ло се сеќава nа нивниот прв заеднички проект, кога ја снимале првата сцена од „Shades of Blue“.
„Момент на искра и взаемна почит. Двајцата заевме дека ова ќе биде добро. Уживавме додека ги снимавме нашите сцени заедно. Среќна сум што го имав до мене, да учам од него и да работиме заедно“, рече Џеј Ло.
View this post on Instagram