(Видео) Пред 25 години ми ја откажаа емисија затоа што не сакаа лезбијка да биде во ударен термин: Елен Деџенерис се прости од публиката

Елен Деџенерис го заврши своето ток-шоу „The Ellen Show“ по 19 сезони и повеќе од 3.000 епизоди. На почетокот на емисијата, комичарката се прости од гледачите и раскажа непознати детали од почетокот на кариерата, а за време на нејзиниот емотивен говор се расплака.

 Добредојдовте во нашата последна емисија. Дојдов овде пред 19 години и тогаш реков дека ова е почеток на врска, а сега велам дека ова не е крај на врската, повеќе е како мала пауза, сега можете да гледате други емисии, а јас нема да видам публика некое време. Пред 20 години, кога се обидовме да го продадеме шоуто, никој не веруваше дека ова ќе успее, не затоа што ова е поинаков вид на шоу, туку затоа што јас сум поинаква. И еве, 20 години подоцна, заедно го славиме ова неверојатно патување – рече Елен и продолжи.

Кога ја почнавме емисијата не смеев да кажам „геј“, тоа често го кажував дома. Не можев да кажам геј или ние, затоа што тоа значи дека сум со некого, сигурно не можев да кажам сопруга, затоа што тогаш не беше легално гејовите да се венчаат, а сега постојано зборувам за мојата сопруга.

– Пред 25 години ми ја откажаа забавната емисија затоа што не сакаа лезбејката да биде во ударен термин еднаш неделно, па реков: „Ќе бидам преку ден, секој ден, што мислите за тоа ?“. Колку убаво, преубаво патување на кое бевме заедно. Ако оваа емисија ве насмеа, ако ве подигна кога бевте во период на некаква болка, некаква тага, тогаш јас си ја завршив работата – изјави водителката.

– Благодарение на оваа платформа успеавме да ги промениме животите на луѓето. Ова шоу ми го промени животот засекогаш. Тоа е најголемото искуство што сум го доживеала, надвор од мојата најлуда имагинација – рече Елен и заплака во последната емисија.

Scroll to Top