Елиф Елмас си дојде дома па сред село Јеловјане ги изненади децата

Македонскиот фудбалски репрезентативец и играч на Наполи, Елиф Елмас по напорната сезона во која одигра 46 натпревари дојде во Македонија да одмори.

Елиф на социјалните мрежи сподели фотографии како го користи слободното време пред новиот предизвик во јуни, Лигата на Нации. Тој одмара во село Јеловјани, тетковско од каде потекнуваат неговите родители.

Децата од ова село имаа можност да го видат одблизу, да се запознаат и да поразговараат со него. Тој сподели и групната фотографија на која децата се радосни со нивниот фудбалски идол.

 


Scroll to Top