Џони Деп на последниот ден од судењето со Амбер Херд стави вратоврска што му ја подарија во Србија

Џони Деп на последното рочиште од судскиот спор со Амбер Херд се појави со вратоврска која му ја подарија пред неколку месеци кога беше гостин во Србија. Вратоврската е во вид на мозаик од ентериерот на храмот Свети Сава, а чини околу сто евра.

Стајлингот на Деп го воодушеви и српскиот актер Милош Биковиќ, кој сподели фотографија на Инстаграм и вели дека со ова холивудскиот глумец направил неверојатен гест.

„Скромно и со многу почит кон сите“, напиша Биковиќ.


Џони Деп во февруари беше 24 часа во Белград каде доби орден за заслуги за промоција на Србија преку проектот Puffins Impossible, што е првата анимирана серија произведена во Србија. На серијата тој соработуваше со Биковиќ, а Милош најави и дека преговара со Деп тој да глуми во третиот дел на „Јужен ветер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

Scroll to Top