Македонскиот филм „Проблемот на Тина” е најдобар на фестивал во Турција

Краткиот игран филм „Проблемот на Тина“ во режија на Радован Петровиќ  ја освои наградата Yellow Umbrella за најдобар краток филм во интернационалната селекција на Балканскиот панорама филм фестивал во Измир, Турција. Филмот е во продукција на Партизанс и Кино Око.

„Проблемот на Тина“ победи во конкуренција на десет избрани филмови, а во истата категорија беа пријавели 350 филмови.

Сценариото е на Румена Бужаровска, напишано според нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефковска-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицковска-Трајковиќ.

Scroll to Top