Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс го прославија дипломирањето на нивниот син Дилан Даглас.Тој дипломираше на Универзитетот Браун, во САД, а неговите родители на социјалните мрежи објавија фотографија со него од дипломската церемонија.
„Моето момче, моја гордост и среќа. Не можам да објаснам колку сум горда на тебе и те сакам, јас сум без зборови“, напиша Зета Џонс.
Исто така и актерот Мајкл Даглас сподели фотографија на која се прегрнати со Дилан кој ја држи дипломата во раце.
„Еден горд татко! Честитки Дилан! Браво!“, напиша актерот.
View this post on Instagram
Кетрин Зета Џонс претходно објави фотографии од студентскиот живот на Дилан на универзитетот и на секоја од нив имаше објаснување за моментот кога се направени.
Мајкл Даглас, пак, во шоуто на Елен Деџенерис зборуваше за тенденциите на неговиот син Дилан, откако водителката сподели снимка од Дилан како нурка во вода фрлајќи се од висока карпа и како лета со падобран.
„Мислам дека тоа е хормонална работа, за момчињата, да се тестираат себеси. Она што не ми се допадна е дека тој беше првиот што скокна“, рече Дилан во шоуто на Елен.