Бредли Купер во улогата на славниот американски композитор и диригент Леонард Бернштајн ја игра улогата на славниот американски композитор и диригент Леонард Бернштајн, па „Нетфликс“ ги објави првите фотографии. Актерот заради улогата не личи на себе па ретко кој би го препознал. Освен што е во насловната улога, Купер е и режисер на биографскиот филм „Маестро“, кој следува по неговиот голем хит „Ѕвезда е родена“. Сопругата на Бернштајн ја игра Кери Малиган. Легенда во светот на театарската музика, Бернштајн (1918-1990) компонирал музика за бродвејскиот мјузикл „Приказна од западната страна“.
Филмот „Маестро“ треба да излезе следната година и ќе се фокусира на 30-годишна љубовна приказна на Леонард и Фелиша.