Џоси Гибсон, водителка на британската утринска програма „This Morning“, снимала прилог со нудисти во едно одморалиште во Ливерпул, па и таа се соблекла гола. Иако прилогот го почнала облечена, Џоси во еден момент се солидаризирала со нудистите и таа се соблекла.
Водителката во еден кадар била целосно гола, како и сите соговорници околу неа, а камерманот се трудел да не ги сними интимните делови на нудистите.
„Тука сум со моите нови пријатели, поздравете ги гледачите и држете ги деловите покриени“, рекла Гибсон низ смеа, алудирајќи на себе.
Во еден дел од прилогот, камерманот ги снимил интимните делови на соговорникот на водителката, поради што водителите во студиото правеле гримаси, па по завршувањето кратко прокоментирале:
„Беше близу, навистина близу“, сугерирајќи на интимните делови кои за малку ќе биле фатени на камера.
Ваквиот прилог бил несекојдневен. Иако водителката со него имала намера да претстави натпревар организиран од страна на нудистите, сè завршило поинаку.