Роби Вилијамс го однесе семејството на одмор во Мексико

Британскиот пејач Роби Вилијамс, неговата сопруга Ајда Филд и нивните двe деца отпатувале на семеен одмор во Кабо, Мексико. Фотографите направени се на аеродромот LAX во Лос Анџелес, како носатс о себе огромна количина багаж. Аеродромскиот персонал зад нив возел количка со 12 куфери.

За потсетување, Роби и Ајда се запознале во 2006 година преку заеднички пријател, а се венчаа на тајна церемонија во нивната куќа во Лос Анџелес во 2010 година.

Заедно имаат четири деца, Теодора (9), Чарлтон (7), Колет (3) и Бо (2).

Роби пред две години како гостин во емисијата на Џонатан Рос рече дека Ајда му го спасила животот и дека бил мизерен пред да основа семејство и да се заљуби во Ајда.


Scroll to Top