Членовите на групата Ролинг Стоунс му приредија роденденска забава на гитаристот Рони Вуд во Мадрид. Тој наполни 75 години на денот кога рокерите се вратија на сцената во шпанската престолнина. Рони доби честитка од бендот со конфети и хорска изведба на „Среќен роденден“ предводена од пејачот Мик и поддржан од публиката.
Стоунси одржаа концерт во Мадрид пред 55.000 обожаватели, а потоа продолжија на роденденската забава која ја организираа во нивниот хотел до пет часот наутро. Рони доби торта во форма на гитара додека славеше со колегите од бендот Мик Џегер и Кит Ричардс и членовите на екипажот. Билборд со логото на бендот и неговото име со огромни букви го пречека Рони во барот на хотелот Роузвуд. Тој на подарок доби и уникатно ќебе направено по нарачка со корици на албумите на бендот.
Ролинг Стоунс се вратија на свирењето во живо, по пауза поради пандемијата и концертот во Мадрид беше прв без тапанарот Чарли Вотс, кој почина минатиот август на 80-годишна возраст.