Тијана Дапчевиќ: По загубата на бебето со Милан минавме низ пекол, но не се разделивме

Тијана Дапчевиќ неодамна за српските медиуми проговори за абортусот и траумата што ја доживеала кога забременила првиот пат. Таа и нејзиниот сопруг Милан сега го имаат синот Вук.

„ Пред да забременам со Вук, имав абортус. Го изгубив бебето во деветтата недела од бременоста.  Толку сакав да останам бремена, а кога конечно се случи, бев пресреќна. И тогаш мојот свет се сруши. Ми беше многу тешко. За Милан и мене, тоа беше најголемата траума што некогаш сме ја доживеале. Имав среќа што налетав на д-р Снежана Ракиќ од ГАК „Народни фронт“, која ми го спаси животот. И не само што ме лекуваше, туку ми пружи и психолошка поддршка. Таа ми рече: „Само опушти се и ќе имаш бебе за една година.Така и беше, ракажала Тијана. По загубата на бебето, вели Тијана им се зацврстила љубовта со Милан.

„Кога го изгубив бебето поминавме низ пекол, но не ни помислувавме да се разделиме. Тоа не зајакна. Милан секогаш беше покрај мене и во тие најтешки моменти. Секогаш сум велела дека ќе родам машко дете, мајкин син, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук. И навистина е ист како мене, само е граден на татко му. Сепак, тој е и тврдоглав и упорен како Милан. Никогаш не зажалив што имам само едно дете, Вук ми вреди за десет. Јас и Милан бевме во брак седум години, го обиколивме светот и сакавме бебе. Имав спонтан абортус со првото бебе, а потоа не можев да забременам по природен пат. Му реков: „Ако не забременам до септември, ќе одам на инвитро. Во 2007-ма година, сестра ми Тамара ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас работев на нејзиниот медиумски план. Бев фокусирана на тоа, не размислував за дете и тогаш забременив“, ракажала во интервју за српски „Информер

Scroll to Top