Почина Алек Џон Сач, основачот на рок-бендот „Бон Џови“

Еден од основачите на легендарниот американски рок бенд Бон Џови, поранешниот басист Алек Џон Сач, почина на 70-годишна возраст. Сач беше дел од бендот од 1983 до 1994 година, кога беа создадени некои од нивните најголеми хитови како „You Give Love a Bad Name“, „Livin ‘on a Prayer“ или „Bad Medicine“.

Тој беше заслужен и за зближувањето на бендот. „Алек беше составен дел од формирањето на бендот… Да бидам искрен, преку него го најдовме патот еден до друг“, напиша Џон Бон Џови на Твитер со збогување.

Сач е роден во Њујорк на 14 ноември 1951 година. Претходно свиреше во бендот „The Message“ и беше добро познат на њујоршката музичка сцена. Како водач на танцовата сала „Хунка Бунка“ во Сајревил, тој беше одговорен за настапите на Џон Бон Џови уште пред да се приклучи на бендот.

Тој бил десет години постар од останатите членови на бендот, а во една прилика признал дека издавачката куќа лажела за неговата возраст поради тоа.

„Имав 31 година кога му се приклучив на бендот. Бев 10 години постар од остатокот од бендот. Сестра ми на крајот многу се налути затоа што весниците ја опишаа како моја постара сестра кога всушност беше помлада“, раскажал Сач.

Разликата во години на крајот беше причината поради која го напушти бендот.

 




		
		
			
Scroll to Top