Памела Андерсон ги поздрави фановите со широка насмевка по нејзиниот настап како Рокси Харт во мјузиклот „Чикаго“. Таа беше фотографирана додека го напушта театарот „Амбасадор“ во Њујорк Сити во неделата навечер, по завршувањето на нејзината последна изведба во мјузиклот .
54-годишната актерка изгледа многу помладо за својата возраст и таблоидите коментираат дека се чини како дека не старее. Во неделата таа заврши настапите како Рокси Харт во долгогодишниот мјузикл.
Пред неа, Рокси Харт ја глумеа Брук Шилдс, Ешли Симпсон, Лиза Рајан, Ерика Џејн, Кристи Бринкли, Мелани Грифит и Рене Зелвегер, пишува „Дејли мејл“.