Глумицата Џулија Гарнер (28) ќе ја игра Мадона во биографскиот филм, што ќе го режира самата пејачка. Мадона пред две години објави дека ќе се снима филм за нејзиниот живот и го напиша сценариото заедно со оскаровката Дијабло Коди („Џуно“).
„Сакам да го раскажам неверојатното патување низ коешто ме однесе животот како уметница, музичарка, танчарка, човечко суштество. Има толку многу непознати и инспиративни приказни, а кој може подобро да ги раскаже од мене“, кажа Мадона.
Гарнер освои две награди Еми за серијата „Озарк“, а неодамна беше актуелна со серијата „Измислувањето на Ана“.