Седумгодишниот генијалец од Тетово е најдобриот математичар во светот

Македон Димитровски од Тетово, кој има само седум години, годинава е победник на натпреварот по математика „Математика без граници“ во кој учествуваа 4.000 ученици во 22 земји. На Македон му беше и врачен златен медал за успехот на натпреварот, а неговите родители споделија фотографии на социјалните мрежи.

„Конечно Македон ги доби златните медали за освоените први места во математика на светско ниво“, напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.

Македон е момче кое зборува повеќе јазици, германски, англиски, кинески и арапски и е генијалец во решавање математички задачи кои се наменети за втора година средно образование.

Македон Димитровски има IQ 134, а предвидувањата се дека со текот на неговото растење ќе достигне и до 145 -150.

 

 

 

 

Scroll to Top