Рано утрово во Холандија убиен е фолк пејачот Енвер Мики Колашинец, поранешен учесник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Колашинац живеел во Нови Пазар, Србија, а повремено престојувал во Австрија и Холандија. Беше и натпреварувач во популарното шоу за таленти „ѕвездите на Гранд“.
Според пишувањата на медиумите, насилникот чекал да дојде Колашинац, а потоа со неколку истрели го убил и побегнал, објави Блиц. Информацијата ја потврдила и неговата сестра Ајша која се збогувала со нејзиниот брат преку социјалните мрежи.