Мајк Тајсон во емисијата „Американ конфестет“ откри повеќе детали од својот живот. Педесет и три годишниот боксер зборуваше за приватниот живот и периодот кога го доживеа врвот во неговата кариера.
„Кога бев млад, бев животно со пари. На сите им давав пари, со многумина бев на забави, спиев со нивните мајки, сестри, братучетки – тоа беа оргии. Бев луд. Бев болен и не знаев дека сум болен. Купував автомобили за многу девојки“, откри боксерот.
Сега тој внимава на неговиот живот да се храни поздраво и да биде поморален.
„Кога го погледнав животот што го живеев, сфатив дека никогаш не сум имал емоционален проблем. Имав проблем со моралот, бев без морал“, изјави еден од најдобрите боксери во историјата на овој спорт.
Мајк Тајсон е еден од најдобрите боксери на сите времиња, но многу работи во неговата кариера не беа спортски. Една од тие работи секако е да се биде во затвор, што е период кога Американец често се сеќава во своите интервјуа.
Тајсон заврши зад решетки на самиот врв на кариерата во 1992 година и таму помина три години. Осуден беше за силување, при што беше ослободен по половина од отслужување на казната.
Тој по затворската казна се врати во рингот и официјално неговата кариера трае до 2005 година. Кариерата ја заврши со 50 победи и шест порази, па важи за еден од најсмртоносните боксери на сите времиња.