Ричи Еспосито, Американецот познат и како Ричи Берберин, се пофали дека спиел со преку 100 жени благодарение на тоа што претрпел бројни модификации на телото кои буквално го направиле морничав кловн.
Во едно неодамнешно интервју, Ричи изјави дека е особено интересен за фети девојки, но се пожали и дека не го гледаат како сериозен партнер и дека се бори да има долга врска.
Првпат носел облека за кловн кога бил дете, а фасцинацијата од овие уметници и забавувачи со текот на годините прераснала во вистинска опсесија која резултирала со бројни тетоважи и операции.
По неодамнешната операција на веѓите, тој дури страдаше од посттрауматско стресно растројство, а исто така се пожали дека не може да јаде и да зборува една недела кога намерно го пресекол јазикот на два дела.
Тој неодама се појави на шоуто Суперталент при што го исплаши членот на жирито Сајмон Кауел, каде откри интимни детали од неговиот сексуален живот.
Ричи Еспосито и денес работи како многу почитуван бербер, а во меѓувреме навистина ја започнал својата кариера како вистински кловн, научил да вози моноцикл и да жонглира, а во споменатата емисија неуспешно се обидел да се наметне на публиката.