Ким Кардашијан го уништила култниот фустан на Мерилин Монро, откако го носеше оваа година на Мет Гала, пишуваат на Твитер. Таму се споделуваат слики од фустанот пред и откако го носела Ким, а на кои се гледа дека има траги од кинење, недостасуваат или висат неколку кристали. Фустанот чини 5 милиони долари.
„Ким едвај влезе во фустанот, не знам зошто воопшто ѝ дадоа да го носи“, стои во коментарите.
Marilyn Monroe’s iconic dress has reportedly been damaged after being worn by Kim Kardashian at the Met Gala.
The dress now shows signs of tearing, and several crystals are either missing or hanging off of it. pic.twitter.com/cFu1lUBmzS
— Pop Crave (@PopCrave) June 13, 2022
Ријалити ѕвездата изненади многумина откако се појави на црвениот тепих на Мет Гала во фустанот што Мерилин Монро го носеше пред 60 години додека му ја пееше Happy Birthday на тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. Ким потоа призна дека ослабела седум килограми за три недели за да влезе во фустанот.
„Таа можеше да нарача реплика која ни најмалку немаше да се разликува од оригиналот. Ваков култен дел од американската историја воопшто не требаше да се изложува на оштетување само за некој да го јакне сопственото его и за фотографирање“, рекла Џастин Де Јанг, професорка на Модно-технолошкиот институт во Њујорк.
View this post on Instagram