Селма Хаек призна дека морала да ослабе за да облече бикини

Актерката Селма Хаек призна дека на крајот на минатата година морала да ослабе за да облече бикини. Таа рече дека често објавува провокативни фотографии во костими за капење и дека на тој начин се чувствувала послободна.

„Убаво ми е кога ќе објавам фотографии во костими за капење и не ми е срам“, рече Хаек за Entertainment Tonight.

Таа додаде дека тоа ѝ предизвикува чувство на ослободување, но и призна дека секојдневното објавување  фотографии во костими за капење можеби за некои од фановите било мачење.

„Ќе си помислат дека секој ден носам бикини“, рече Хаек, која призна дека и морала да ослабе и дека вежбала секој ден на крајот на минатата година за да облече бикини.

За потсетување, Селма неодамна со ќерка ѝ Валентина Палома позираше за насловната страница на мексиканскиот „Вог“. 14-годишната Валентина лесно поминала на снимањето, а актерката со фотографијата се пофалила на „Инстаграм“.

 

Scroll to Top