Проданоски доби рачно изработено македонско знаме од учениците на „Ѓорче Петров“ во пресрет на 11 Октомври

Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп му подарија рачно изработено македонско знаме на градоначалникот Дејан Проданоски, во пресрет на празникот 11 Октомври.

Знамето е едно од трите што ги изработиле учениците од текстилно-кожарската и шумарско-дрвопреработувачката струка. Проданоски најави дека подарокот ќе добие посебно место во неговиот кабинет.

„Горд сум на нашите млади кои преку ваквите дела ја покажуваат својата почит кон националните симболи и македонската историја“, истакна градоначалникот.

Заблагодарувајќи им се на учениците, тој го нагласи трудот вложен во изработката на знамето, како и креативноста и љубовта кон татковината што ги изразиле преку овој гест.

Проданоски посочи дека подарокот носи и значајна порака за почитта на младите кон националните симболи и историјата на својата земја.

„Нека е вечна Република Македонија!“, порача тој.

Scroll to Top