Бритни го деактивираше профилот на Инстаграм

„Извинете, страницата моментално е недостапна“, ваква пораката ги поздрави сите фанови кои сакаа да видат што прави пејачката Бритни Спирс на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа повторно го деактивираше профилот на Инстаграм откако го осуди своето семејство за наводниот третман кон неа и рече дека никогаш не го поканила нејзиниот постар брат Брајан Спирс на нејзината неодамнешна венчавка со Сем Асгари.

Ова не е првпат таа да го деактивира својот профил на Инстаграм, бидејќи истото го направи уште во март по објавите за животот во изминатите 13 години додека нејзиниот татко го имаше старателството над неа.

Непосредно пред нејзиното претходно деактивирање на Инстаграм, таа се пожали дека на нејзините синови Шон Престон и Џејден Џејмс повеќе не  треба и ѝ забранија да ги покажува нивните неодамнешни слики, но истакна дека ги почитува нивните желби.





		
		
			
Scroll to Top