Откако кавадарчани ја откачија Јелена Карлеуша, оти не сакаа да им пее на „Тиквешки гроздобер“, таа вчера со приватен авион дојде во Македонија. Од аеродромот со автомобил стигна до Битола, каде што синоќа имаше настап, а вечерва Јелена ќе пее во Струмица. Друштво ѝ прави нејзиниот пријател и менаџер Зоран Бирташевиќ. Двајцата објавија фотки од аеродромот во Белград, а додека траеше летот се сликаа и со пилотите.
На фотките, Карлеуша ги поздрави своите фанови од Македонија и најави супер журки.
За потсетување, Јелена нема да пее на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ иако беше најавена како главна ѕвезда на манифестацијата. Нејзиниот настап беше откажан поради големиот број негативни реакции на социјалните мрежи, откри градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека како организатори решиле да го послушаат народот, но и дека сега бараат нова музичка ѕвезда што ќе пее на 11 септември наместо неа.
Кавадарчани ја откачија Карлеуша, не сакаат да им пее на „Тиквешки гроздобер“