Џони Деп пак на суд, откако нападнал филмски работник

Американскиот актер Џони Деп повторно ќе оди на судење следниот месец, овој пат под обвинение за напад, што веројатно нема да стане медиумски спектакл сличен на неговото неодамнешно судење за клевета, бидејќи барањето за пренос во живо на телевизија беше одбиено, објави Newsweek.

Овој пат Деп ќе се соочи на суд со членот на филмската екипа, Грег Роки Брукс, кој го обвини актерот дека го удрил во градите за време на расправија за време на снимањето на филмот „Градот на лагите“ во Лос Анџелес во април 2017 година.

Во тужбата против Деп, која беше поднесена во јули 2018 година, Брукс изјави дека актерот бил вознемирен кога го известиле дека снимањето ќе мора да престане преку ноќ, откако дозволата им била неколкупати продолжена, објави „Ју-Ес викли“.

Весникот го цитираше Деп како му рекол на Брукс, кој работел во филмската екипа како менаџер на локација: „Кој си ти, по ѓаволите? Немаш право да ми кажуваш што да правам!“.

Актерот потоа, наводно, го удрил Брукс двапати во градите, пред да извика: „Ќе ти дадам 100.000 долари веднаш да ме удриш по лицето“. Деп наводно „продолжил да вика пред голем број луѓе додека неговите телохранители физички не го отстраниле“. Брукс, кој рече дека здивот на Деп „мириса на алкохол“ во тоа време, понатаму изјави дека кога се вратил на филмскиот сет три дена подоцна, продуцентот побарал од него да потпише изјава во која се наведува дека нема да го тужи продуцентскиот тим.

Дип одбил и бил отпуштен. Деп за тужбата одговорил дека повредите на Брукс се добиени како резултат на „самоодбрана, односно одбрана на другите“, пишува британски „Сан“. Тој, исто така, го обвини Брукс за провоцирање што довело до повреди.




		
		
			
Scroll to Top