Ѕвездата на „Гранд“, Стефан Величковски и неговата сопруга, водителката Ана Николовска станаа родители. Пејачот се пофали дека добил ќерка и дека е најсреќниот татко на свет.
„Ми се роди ќерка. Од денес сум најсреќниот татко на светот. Нашиот сон стана реалност. Ве сакам премногу принцези мои“, напиша Стефан.
За потсетување, Стефан и Ана се венчаа во јануари годинава. Претходно се свршија во Турција, каде Стефан ја побара за жена. Тој прстенот ѝ го подари на Босфор во Истанбул.