Војвотката од Сасекс Меган Маркл била обвинета дека ги малтретирала своите вработени пред да се пресели во Калифорнија со принцот Хари.
Кралицата Елизабета наредила приватна адвокатска фирма да направи истрага, но извештајот кој го составиле тие никогаш не бил објавен, пренесе The Sunday Times.
Неофицијални извори од Бакингемската палата дојавуваат дека причината била да се спречи секаква понатамошна ескалација и напнатост меѓу кралското семејство и членовите на Сасекс.
Официјалната истгара опфатила сослушување на четири или пет членови од помошниот тим на Хари и Меган, иако за нив во одреден период работеле и до 25 вработени кои би можеле да се сметаат за потенцијални сведоци. Но, се чини дека тие немале никакви обвинувања.
Од истрагата поминала повеќе од година дена, но кралските службеници досега одбивале да откријат какви било резултати, или да потврдат дали тие ќе бидат дел од годинашниот официјален извештај кој би требало да биде јавно објавен во јуни.
Палатата нема да даде никакваа официјална изјава за извештајот, а нема ни да признае промена во својата политика на човечки интерес по наводното малтретирање на Меган, пишуваат британските медиуми.
За потсетување, двајца таканаречени постари работници ја обвиниле војвотката од Сасекс дека ги малтретирала додека една поранешна вработена рече дека ги понижила.
Друга помошничка зборувала дека Меган ја користела својата емоционална злобност и манипулација, што исто така може да се нарече и малтретирање.
Меган ги отфрлила сите обвинувања, а подоцна во шоуто на Опра Винфри, во контроверзното интервју рече дека Бакингемската палата ги користи медиумите за да пренесува лажни приказни.