Телохранител му го удри скапиот автомобил на Роналдо

Телохранител на фубалерот Роналдо му го удрил скапиот автомобил „бугати“. Фудбалерот во моментот е на одмор со семејството на Мајорка, каде што е со цел тим на помошници и телохранители.

Несреќата се случила кога телохранителот на Роналдо изгубил контрола над возилото Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse и завршил во ѕид. Во несреќата нема повредени, а причинета е материјална штета. Најмногу настрадала совозачката страна на автомобилот.

Автомобилот на крајот бил покриен со сина церада и извлечен од местото на несреќата.

Scroll to Top