И по 20 години, ме прашуваат каков е во кревет, познатата британска водителка откри за врската со Џорџ Клуни

Британскиот модел и позната телевизиска и радиоводителка, Лиса Сноудон, се пожали дека луѓето сè уште ја прашуваат за врската со Џорџ Клуни и каков е тој во кревет. Двајцата се запознаа на снимањето на реклама за „мартини“ во 2000 години и беа заедно пет години.

„Никогаш не зборувам за тоа. Понекогаш мислам дека на мојата надгробна плоча ќе пишува: ‘Џорџ Клуни еднаш излегуваше со Лиса Сноудон’“, рече Лиса, која во 90-тите години се етаблира како еден од најомилените и најдобри платени модели.

Таа призна дека додека одела со Клуни, глумецот бил шармантен и дека ѝ било прилично убаво, но и диво.

Лиса уште како дете сонувала дека ќе стане танчарка на „Вест енд“. Таа одела во училиште за применета уметност исто како и нејзината колешка Наоми Кембел и за себе вели дека имала големи планови. Нејзиниот талент го забележале скаути од една агенција за танц во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Snowdon (@lisa_snowdon)

Набргу потоа почнала да добива ангажмани за уредување и реклами. Се појавувала и во магазините „Вог“ и „Марија Клер“, но досега ја немаат ангажирано да носи ревии затоа што била премногу раскошна.

Најголем проблем ѝ правеле нејзините облини. Една дизајерка во Париз ја удрила во градите затоа што ѝ приговарала дека ѝ биле премногу големи. Во Милано, пак, ѝ рекле дека мора да ослаби. Но, затоа машките магазини ја обожавале. Тие ги сакале големите облини.

Таа добивала ангажмани за долна облека, производи за нега на тело, козметика. Голем успех ѝ донела и кампањата за познатиот бренд на корнфлекс. Заработила и над 100.000 фунти од едно снимање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisa Snowdon (@lisa_snowdon)

Scroll to Top