Пирс Броснан на „Инстаграм“ сподели ретка фотографија со синовите Дилан, Шон и Кристофер.
„Ви благодарам за вашата љубов“, напиша актерот во описот на фотографијата што ја објави на Денот на татковците.
Парис и Дилан се двајцата синови што ги доби од бракот со Кили Шеј Смит, со која се ожени во 2001 година. А Шон, најстариот син, го доби од првиот брак со Касандра Харис.
Пирс ги посвои Крис и неговата сестра Шарлот, децата на Касандра, по смртта на татко им Дермот во 1986 година. И сопругата Касандра и поќерката Шарлот починаа од рак на јајчниците.
View this post on Instagram