Пејачката Валери Димовска објави фотографии со голи гради и тексас-јакна за да ја најави новата песна „Херои“. Валери, која се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, ќе настапи на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови на 28 јуни. Песната „Херои“ ја направија Дарко Димитров и Владе Даниловиќ. Во жирито на годинешниот фестивал ќе биде Елена Ристеска.
„Годинава ми се случуваа доста работи, и убави и неубави, но сè се случува со причина. Сепак, ова го чекав од многу одамна, заедно со Дарко Димитров и Владе Даниловиќ, кој беше задолжен за текстот, работевме многу на овој проект и најголемото изненадување е дека ќе настапувам на ‘Сунчане скале’ со оваа песна на 28 јуни во Херцег Нови“, откри пејачката.
View this post on Instagram
Таа пред неполни два месеца ја промовира песната „Сега кога знам“, а претходно пееше во „Гранд“. Таа беше дисквалификувана од натпреварувањето бидејќи не можела да се појави на снимањето поради Ковид-19, но најави и дека можеби во иднина пак би се пријавила на ова музичко натпреварување.
View this post on Instagram