Пејачот на Ју-Ту, Боно Вокс (62), откри дека има полубрат за кого дознал во 2000 година. Во емисија за радио Би-би-си, тој вели дека го обожава својот брат и дека го прифатил, иако на почетокот му било тешко.
Во интервјуто Боно зборува и за лошиот однос со неговиот татко, па вели дека работите во семејството се и понатаму комплицирани. Тој раскажа дека неговата мајка Ајрис, која починала во 1974 година, не знаела дека нејзиниот сопруг има дете со друга жена.
„Татко ми имаше длабоко пријателство со оваа прекрасна жена, која е сега дел од нашето семејство. Не знаевме дека тие добиле дете, го чуваа како тајна со децении“, рекол Боно.
Откако дознал дека има полубрат, во 2001 година разговарал со неговиот татко, но не ги добил одговорите што ги очекувал.
„Го прашав дали ја сакал мајка ми, а тој рече дека да. Го прашав како можело да се случи тоа, а тој само ми одговори: ‘ете, можело’. Не се извини. Само изнесе факти. Сега веќе се помирив со тоа. Татко ми очигледно минуваше низ многу, срцето му беше на друго место“, рекол Боно во интервјуто.
Популарниот пејач има уште еден брат, Норман, кој е четири години постар од него.