Пукање на аортата е причина за смртта на Енди Флечер, основачот на бендот „Депеш мод“

Енди Флечер, клавијатурист и основач на бендот „Депеш мод“, ненадејно почина минатиот месец, а засега нема официјални информации за причината за смртта.

Сепак, двајцата други членови на бендот, Дејвид Ган и Мартин Гор, им се обратија на обожавателите на социјалните мрежи и објавија дека причина за смртта на Енди е аортна дисекција, состојба во која внатрешната обвивка на ѕидот на аортата пука.

„Пред неколку недели ги добивме наодите од патологот, а семејството на Енди нè замоли да ги споделиме со вас. Енди имаше аортна дисекција додека беше во својот дом на 26 мај. Иако замина прерано, почина мирно и не страдаше многу “, објаснија тие.

„Минатата недела го прославивме животот на Енди во Лондон. Тоа беше прекрасна церемонија и со малку солзи, но исполнета со прекрасни спомени за тоа кој е Енди и нашите заеднички приказни“, напишаа Ган и Гор.





		
		
			
Scroll to Top