По неверството на Пике, Шакира со пријателите на сурфање во Шпанија

По разделбата со Пике, Шакира се појави на сурфање во Шпанија со синот и пријателите. Пејачката е облечена во спортски костим за пливање со долги ракави и со ногавици.

Шакира и 35-годишниот Пике се разделија пред две недели наводно поради неверство од страна на Пике.

Уште пред да се разделат во странските медиуми се појавија шпекулации дека Пике ја изневерувал, па Шакира го избркала од нивниот заеднички дом неколку недели пред да ѝ соопштат на јавноста дека се разделуваат.

По разделбата, фудбалерот го поврзуваа со девојка што потекнува од Скопје.




Scroll to Top