Принцот Хари се огласи по повод роденденот на мајка му, принцезата Дајана, која доколку денес беше жива, ќе имаше 61 година. Хари во петокот, на денот на нејзиниот роденден се огласи преку видеопорака. Се осврна на тоа како би изгледал животот ако таа би била со него.
Ја допре и темата со депресијата и обидот за самоубиство.
„Поради мајка ми имам потреба гласно да зборувам за сè и да се борам за подобар живот. Сека кога сум сопруг и татко на две деца, мајчиниот глас во мене е посилен од кога било претходно. Секогаш се сеќавам дека не сум сам, а одредени поединци ми помагаат да го одржам тоа во живот, ми покажуваат дека во светот е важен и најмалиот гест. Светот може да биде подобро место кога такви поединци би имало сè повеќе“, рече Хари.
View this post on Instagram
Тој и неговиот постар брат, принцот Вилијам, напорно работат во добротворната фондација која го носи нејзиното име и ги наградува младите и храбри поединци кои се борат против врсничкото насилство во каков било облик.
Во името на организацијата тој ги допре темите за депресија и самоубиство кај младите, а ја истакна и улогата на наградената 17-годишна Прај Пател и нејзината фондација Peer Respoders.
Дајана откако објави дека е бремена со Вилијам се обиде да се самоубие. За среќа, фетусот остана неповреден, а се чини дека Дајана верувала дека на тој начин сакала да го одвои Чарлс од Камила, но залудно. Таа се обидела уште еднаш да се самоубие поради несреќниот брак.
„Не постои ден од нејзината смрт кога не сум размислував за белегот што таа го остави. Нејзиното наследство го гледам насекаде, кога ќе се сретнам со семејството, младите и децата од сите краеви низ светот. Го гледам наследството секој пат кога ќе ги погледнам моите деца“, рече Хари.
По неговата изјава, доби голем број убави коментари од фановите.
„Ти си мамин син. Драги Хари одличен си. Продолжи така да работиш како што си замислил. Прекрасно е тоа што го кажа. Да може да те види мајка ти, би била горда на тебе“, биле само некои од нив.
За потсетување, Дајана загина во сообраќајна несреќа во Париз. Пред Бакингемската палата тогаш беа поставени тони цвеќиња, а пред Вестминстерската катедрала се собраа повеќе од милион луѓе. Погребот го следеа повеќе од 2,5 милијарди луѓе низ светот, во 180 земји.