Актерот Том Круз вчера го прослави 60. роденден, а фановите му честитаа и му порачаа дека и во шестата деценија изгледа одлично и дека е во топ форма.
Актерот планира да организира два родендена, еден во Велика Британија во клубот Soho Farmhouse, а потоа со приватен авион да замине за САД каде ќе организира уште една забава со ексклузивни гости. Меѓу поканетите ќе бидат и Дејвид Бекам и принцот Вилијам.
„Тој е во одлични односи со принцот и многу веројатно е дека ќе дојде“, рече извор близок до него.
Круз е роден во Њујорк, а кариерата ја има почнато со споредни улоги на почетокот на осумдесеттите години. Пораснал во сиромашно семејство, а уште од дете сонувал да стане свештеник, а не актер. Судбината сепак му застанува на патот.
Како 19-годишник се нашол во помали улоги во филмовите „Вечна љубов“. Тогаш сфатил дека глумата одлично му лежи и продолжил по тој пат.
Во следните неколку години се појавува во уште неколку споредни улоги, а се прослави во филмот „Топ ган“, со кој докажа дека станува збор за квалитетен актер кој има уште многу да докажува.
По улогата во „Дождливиот човек“, играше во уште една драма „Роден на 4 јули“, за кој доби и „Златен глобус“, за најдобар актер кој некогаш бил номиниран за Оскар.
На почетокот на деведесеттите, глумеше и во филмот „Интервју со вампирот“ со Бред Пит и Антонио Бандерас, а потоа ја сними и „Невозможна мисија“, во кој го глуми тајниот агент Итан Хант.
Круз исто така глумеше и во романтичната хуморна драма „Џери Мегваер“, за што доби и една награда „Златен глобус“ за најдобар глумец и втора номинација за Оскар.
Неговите филмови заработија речиси 4 милијарди долари во американските и канадските киноблагајни, а повеќе од 10,1 милијарди долари низ светот, што го направи 8 најуспешен актер во Северна Америка и еден од најдобрите во светот.
Првата жена му беше познатата актерка Мими Роџерс. По неа беше со Никол Кидман, со која посвои две деца. Следбеник е и на скиентологијата, религија која силно ја промовира по разводот со Кидман.
Круз продолжи со 16 години помладата Кејт Холмс, од која се разведе во 2012 година. Со неа официјално се запознаа во 2005 година, на снимањето на филмот „Невозможна мисија 3“, а ја добија и ќерката Сури.
Двајцата не ја криеја врската и беа видени како се шетаат низ Рим, каде што дојдоа да ја примат наградата за животно дело на Том, „Давид ди Донатело“.
Есента 2005 година актерката беше бремена, а Том за да ја следи бременоста купи и домашен ултразвук. Лекарите го критикуваа и сметаа дека само медицинскиот персонал е способен да ја следи бременоста со медицинските апарати.
Том имал и некои бизарни молби кон кои Кејт морала да се придржува, како на пример да биде тивка. Според скиентолошката црква, за време на породувањето мора да биде апсолутна тишина, а жената која раѓа мора да се воздржи од зборување и викање.
Се верува дека во спротивно на тој начин може да му наштети на детето. Пролетта 2006 година ја добија Сури. Името на хебрејски значи принцеза, а на персиски црвена ружа.
Во меѓувреме Круз имаше и тригодишна авантура со шпанската актерка Пенелопе Круз. За потсетување, најновото продолжение на неговиот „Топ ган“, излезе во кината на 27 мај, а го режираше Џозеф Козински, со кого Круз соработуваше за филмот Oblivion. Филмот за само десет дена заработи преку 548 милиони долари.