Познатата двојка Гвен Стефани и Блејк Шелтон ја прославија првата годишнина од бракот со видеообјава од нивната свадба.
„Среќна годишнина до жената што го движи мојот свет. Гвен Стефани, ти ја направи оваа година најдобрата година во мојот живот. Те сакам. Ти благодарам што ми кажа ‘да’!“, напиша Блејк.
Гвен во коментар му одговори: „Човекот од моите соништа. Ти благодарам, Боже“.
Пејачката на социјалните мрежи објави емотивно видео со моменти од нивната венчавка со песната Can’t Help Falling In Love од Елвис Присли.
Гвен и Блејк се запознаа во 2014 година кога и двајцата учествуваа во американското музичко шоу Voice, а се венчаа на ранч во Оклахома.
View this post on Instagram