Лозано и „Некст тајм“ ќе одржат прв заеднички концерт

Влатко Лозаноски и „Некст тајм“ ќе одржат прв заеднички концерт на 30 јули, на Антички во Охрид. Веста ја објавија на Инстаграм и ги повикаа нивните фанови да им дојдат на концерт.

Не е првпат Стефан и Мартин да пеат заедно со Лозано. Влатко пред неколку години беше гостин на нивниот концерт во Скопје, а снимија и заедничка песна за новиот албум на „Некст тајм“. Тие се дружат и приватно и важат за блиски пријатели.

Scroll to Top