Откако ќерката на актерката Дениз Ричардс отвори профил на страницата „OnlyFans“, таа реши да го стори истото.
Дениз неодамна во едно интервју објасни дека отворила профил на платформата „OnlyFans“, бидејќи на корисниците им дава можност за правата на нивната содржина.
„Мојата ќерка доби многу бурни реакции поради отворањето профил. Сум слушнала за „OnlyFans“, но не бев свесна за деталите. Кога почнав да учам за платформата, сфатив дека нејзините креатори навистина го земале најдоброто од секоја платформа за социјално вмрежување и го ставиле на едно место“, објаснила актерката.
„Таму, само вие ја поседувате вашата содржина, додека другите сајтови можат да ја продаваат. Сите објавуваме слики во костими за капење на Инстаграм и на други социјални мрежи. Нема разлика кај „OnlyFans“ освен што ја поседувате вашата содржина“, рече таа.
Актерката и поранешен модел откри дека реакцијата на нејзината ќерка за отворањето на профил на оваа социјална мрежа била позитивна, иако имало и доза на скептицизам.
Иако мајката и ќерката си даваат поддршка кога станува збор за „OnlyFans“, нејзиниот поранешен сопруг и татко на нивната ќерка, актерот Чарли Шин, е против неговата ќерка да ја користи популарната платформа.