Наоми Кембел доби докторат за влијанието во модната индустрија

Манекенката Наоми Кембел доби почесен докторат за нејзиното влијание во модната индустрија на Универзитетот за креативни уметности во Велика Британија.

Супермоделот излезе на сцената во лондонската Ројал Фестивал Хол, каде одржа емотивен говор.

Манекенката од свои 15 години е во светот на модата. Таа остави траен белег на глобалната модна индустрија.

Од нејзината посветеност на активизмот и добротворната работа до голем број титули. Таа беше првата црна манекенка која се појави на насловната страница на „Тајм“, францускиот „Вог“ и рускиот „Вог“.

Scroll to Top