Музичарот Горан Папаз викендов во Охрид се ожени со својата девојка Наташа Атанасовска. Со сите адети тој прво ја зеде невестата од дома, па се венчаа во познат охридски хотел. На забавата пееше Ефто Пупиноски, кој направи вистинска фешта и се славеше до доцна во ноќта. За свадбата Наташа избра тесен фустан со шлиц до колк, а Горан носеше кафен костум со жолта вратоврска.
„Јас сум најсреќниот човек на универзумов. Фала ви на сите што сте дел од мојов, нашиот живот, ми го направивте денот најубав. Нате, не дека си моја, ама најубава си ми. Те сакам до небото“, напиша познатиот саксофонист и објави неколку фотки од свадбата на социјалните мрежи.
Ова е втор брак на Папаз. Тој во 2016 година се венча со Емилија, со која има син, но двојката се разведе.
Папаз важи за еден од најдобрите саксофонисти во Македонија. Свиреше во „Суперхикс“, а низ годините соработувал и настапувал со голем број музичари. И самиот често прави преработки на познати македонски песни со саксофон.