(Фото) Жено, ти не старееш, ѝ рекоа на Софија Вергара откога објави фотографија од 50. роденден

Глумицата Софија Вергара викендов го прослави 50 роденден. Таа го прослави со торта и шампањ, а објави и фотографија со пријателите. Фановите ѝ порачаа дека никогаш не изгледала поубаво.

„Среќен роденден. Жено не си остарела ни малку. Убава си како и секогаш. Како е можно да имаш 50 години, изгледаш како да имаш 25. Изгледаш поубаво од кога било“, и напишаа тие.

Глумицата за роденденот беше облечена во долг фустан со длабоко деколте, а долгата коса ѝ беше благо свиткана. Целата комбинација ја заокружи со пристоен накит и нешто посилна шминка. Вергара позираше со семејството и пријателите, а фановите и посакаа најубави желби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

За потсетување, Софија додека се занимавала со глума, студирала и стоматологија во Колумбија. Првпат на екраните се појавила во реклама за „Пепси“, кога имала 17 години. Популарна стана во 2009 година со улогата на Глорија Делгадо во серијата „Модерно семејство“.

„Модерно семејство“ стана најнаградувана хумористична серија која се прикажувала на американската телевизија. Вергара наводно за секоја епизода добила 325.000 долари.

Scroll to Top