Во Албанија сопружниците кои меѓусебно се спогодиле да се разведат, наместо да одат на суд, тоа ќе може да го направат и на нотар. На овој начин ќе се намали бројот на натрупани предмети за развод во судовите, а оние што се договориле за развод, ќе го направат тоа без одлагање.
„Вакви практики има во повеќе држави, кај нашиот сосед Грција, потоа во Франција, Шпанија, Летонија, Романија и Естонија. Значи има земји кои веќе имаат дефинирано раскинување на бракот со заемна согласност кај нотар и ги забрзуваат соодветните процедури. Тоа е олеснување за граѓаните“, рекла нотарката Елона Салијај.
Актот на спогодба се потпишува кај нотарот, а потоа се доставува до судот кој го одобрува. Во документот поранешните партнери детално опишуваат каква ќе биде родителската одговорност, средбите со децата според неделен и годишен календар, но и други обврски што тие ги преземаат по своја волја.
„Во Албанија има околу 7.000 разводи, а повеќето од нив се со заедничка согласност или со целосна волја на двајцата сопружници. Секако дека има дополнителен трошок за нив бидејќи сопружниците не можат да одат на сите рочишта за развод и тие назначуваат адвокати, што значи трошоци. Дефинираат посебно полномошно, прават нацрт-договор, па чекаат денови и месеци, што приближно може да биде три месеци или година“, додала Салилај.
Од оваа постапка се исклучени оние парови што се разделуваат со кавги и недоразбирања околу децата и имотот.






