Македонката Александра Кочоска третпат номинирана за престижната награда „Еми“

Македонката Александра Кочоска Дековиќ, која работи како продуцент за специјални ефекти во Холивуд, третпат е номинирана за телевизиската награда Еми. Овој пат номинацијата е за серијата „Човекот кој падна на земјата“, за епизодата „Здраво вселенско момче“.

Александра е првата Македонка што освоила Еми награда. Таа победи лани во категоријата специјални ефекти, за работата на серијата „Стар трек – Дискавери“. Кочоска беше номинирана за престижната телевизиска награда и во 2019 година, но тогаш победи „Игра на тронови“.

Во разговор за „Репортер“ Александра тогаш кажа дека конкуренцијата била силна, таа сепак имала надеж дека ќе ја освојат наградата.

„Номинирани беа ‘Круна’, ‘Никогаш’, ‘Академијата Амбрела’, но имавме и повеќе надеж дека ќе победиме. Никогаш не се знае како ќе гласаат членовите на ТВ-академијата. Додека ја работевме 311 епизода и зборувавме за креацијата на дизајнот на суштеството, имаше некој посебен дух, атмосфера, енергија дека ова ќе вреди да се сподели со светот“.

За работата како продуцент на специјални ефекти во Холивуд, Александра рече дека е динамична со многу предизвици. Но таа ужива бидејќи го сака тоа што го работи. Во моментов е ангажирана на три различни серии од серијалот „Стар трек“, а работеше и на серијата „Кларис“, која е снимена според главниот женски лик од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

 

Scroll to Top