Поп ѕвездата Бритни Спирс по подолго време пауза ги изненади фановите и запеа. Таа во петокот на „Инстаграм“ го испеа нејзиниот хит Baby one more timе.
„Ова сум јас вчера како перам. Не сум го објавила мојот глас многу долго, можеби предолго и еве ме како пеам во мојот дом, но, поинаква верзија од Baby“, рече Бритни.
Таа рече дека со години работела на новата верзија на песната и се надева дека повторно ќе издаде ажурирана верзија.
„Па го барав она што го сакав 14 години. Поинаква верзија од Baby“, и откри дека семејството ѝ е виновно што продуцентите не успеале да ја изработат за неа.
View this post on Instagram
Бритни објасни дека семејството ѝ ја расипала новата верзија која ја снимила, па сега повторно решила да ја испее со својот глас.
„Ми ја уништија песната, ме посрамотија и направија да се чувствувам како ништо“, рече Бритни.
Пејачката во текот на целата кариера често го криеше својот вистински глас, а за тоа го обвинуваше семејството. Со својот настап ги воодушеви обожавателите, а тие ја поддржаа.