Шеф Марк си заминува од „Брза кујна“

Познатиот готвач Марк де Јонг, познат како шеф Марк, по седум сезони си оди од кулинарското шоу „Брза кујна“. Тој преку социјалните мрежи најави дека е спремен за следните предизвици и им се заблагодари на гледачите и пријателите за целата позитивна енергија што ја добивал изминатите години.

„Ми беше задоволство седум сезони да бидат дел од тимот на Брза кујна. Седум години, 1.400 емисии, 1.400 асистенти со кои заедно подготвувавме слатки изненадувања за гледачите, но и за присутните во студиото. Поминавме убави моменти заедно, но по седум години потребен ми е нов предизвик, нова авантура“, напиша тој на Фејсбук.

Шеф Марк беше водител и готвач во популарното шоу заедно со шеф Никола. Засега не се знае кој ќе го замени.

 

 

Scroll to Top