Пејачката Бијонсе се придружи на популарната социјална платформа Тик-ток и го објави нејзиното прво видео. Во видеото, нејзините обожаватели, вклучувајќи ја и Карди Би, може да се видат како танцуваат на нејзиниот вирален летен сингл „Break My Soul“.
Само неколку часа по објавувањето на видеото, Бијонсе имаше над 3,4 милиони следбеници, а по три дена бројката се искачи на 3,8 милиони.
За нејзиниот профил на Тик-ток, Бијонсе ја одбра насловната страница на албумот Renaissance, кој треба да излезе на 29 јули, на кој таа седи полугола качена на холограмски коњ.