Жозе Мурињо доби ЈНА тетоважа на рамото

Жозе Мурињо се пофали на Инстаграм дека ги истетовирал трофеите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а на секој од нив се боите на тимовите со кои бил успешен. Се гледаат боите на Порто, Интер, Манчестер јунајтед и Рома. Тој е првиот тренер во историјата кој ги освоил сите три трофеи.

На Инстаграм Мурињо најпрво ја објави скицата со тетоважата и објасни зошто се одлучил за таква тетоважа.

 „Ова е мојата тетоважа. На тоа ме наведе радоста на римскиот народ. Потоа размислував за нешто посебно, нешто што ќе ги почести сите клубови каде што победив на европските натпреварувања. Во исто време, сакав уникатна тетоважа, која досега единствено можам да ја имам… Алберто ми покажа неколку предлози, само променив неколку детали. Еве ја мојата тетоважа“, напиша Мурињо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Поради формата, засенчувањето, бојата и целокупниот впечаток од изгледот на тетоважата, луѓето почнаа да ја споделуваат сликата, да ставаат смешни натписи, но и да прават фотомонтажи. 

Мурињо пет пати ги водеше своите тимови до финалето на европските натпреварувања и победи сите пет пати. Големата серија започна уште во 2003 година кога водечкиот Порто го освои Купот на УЕФА победувајќи го Селтик во финалето со резултат 3:2. Следната година ја освои Лигата на шампионите со Порто, а истиот успех го повтори и со Интер во 2010. Со Манчестер ја освои Лигата на Европа во 2017 година, а минатата сезона со Рома го освои европскиот трофеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Scroll to Top