Бизнисменот Трифун Костовски најави дека на 22 август ќе ја објави вистината за стечајот на Еуростандард банка.
„Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на 22 август 2022 година во Скопје ќе биде објавен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, што се работеше во изминатите 15 месеци“, најави Костовски.
Овој извештај, како што посочи, е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија.